ОД 6 НА 20 ДВОЈКИ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАГРОЗЕНАТА ПТИЦА БЕЛОГЛАВ МРШОЈАДЕЦ, ВЕЛИ МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО

    ОД 6 НА 20 ДВОЈКИ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАГРОЗЕНАТА ПТИЦА БЕЛОГЛАВ МРШОЈАДЕЦ, ВЕЛИ МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВООд 20-те двојки, девет се во колонијата во Демиркаписката Клисура, а 10 до 11 во колонијата на Тиквешкото Езеро. (Фото: Б. Кузманоски-МЕД)

    Се зголемува бројот на белоглавиот мршојадец, птица која спаѓа во загорозен вид во Македонија, вели Македонското еколошко друштво (МЕД). Бројноста на белоглавите мршојадци последниве години расте на Балканскиот Полуостров, благодарение на координираните мерки за заштита во Македонија, Бугарија, Грција.

    „Пребројувањето што го реализираа членовите на Македонското еколошко друштво и Здружението за зачувување на природата ‘Аквила’ од Кавадарци потврдија присуство на 19 до 20 двојки белоглави мршојадци во оваа гнездечка сезона. Од нив, девет се во колонијата во Демиркаписката Клисура, а 10 до 11 во колонијата на Тиквешкото Езеро“, вели МЕД.

    Според проценките на екологистите орнитолози, најмалку 16 млади пилиња се наоѓаат во нивните гнезда. Тие во овој период минуваат низ најризичниот дел од нивните животи, достигнување целосна големина и осамостојување. Се соочуваат со уште една сериозна закана, недостатокот на храна. Се хранат со угинати диви и домашни животни, па мрежата на хранилишта во регионот треба да ги зголеми нивните природно мали шанси за опстанок.

    Бројност од дваесетина двојки белоглави мршојадци во Македонија последен пат имало во 2010. Честите инциденти со труења доведоа на Балканот да има само шест двојки во 2018 и оваа птица да биде пред изумирање во регионот. Ова беше аларм да се засили борбата против користењето отровни мамки, што се изведе преку проектот „Балкан детокс лајф“, финансиран од Европската унија. Поставени биле ГПС локатори на белоглавите мршојадци од македонските, бугарските и грчките еколози, со што можеше во живо да се следат нивните прелети и да се делува превентивно. Од МЕД се надеваат дека за неколку години ќе се надмине бројката од 25 двојки, која беше критично ниска пред двесетина години, кога започнале да работат на нивна заштита.

    Други познавачи велат дека порастот се должи и на фактот што болеста „свинска чума“ угина бројни диви свињи, кај кои немаше отрови, и со нив овие птици се прехрануваа, што овозможило да се зголеми бројот парови белоглави мршојадци.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира