ОД НЕОГРАДЕНОТО ГРАДИЛИШТЕ „ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР“ ВО СКОПЈЕ ОД ГОЛЕМА ВИСИНА СЕ ФРЛА ГРАДЕЖЕН ШУТ ДОДЕКА ДОЛУ ПОМИНУВААТ ЛУЃЕ

    ОД НЕОГРАДЕНОТО ГРАДИЛИШТЕ „ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР“ ВО СКОПЈЕ ОД ГОЛЕМА ВИСИНА СЕ ФРЛА ГРАДЕЖЕН ШУТ ДОДЕКА ДОЛУ ПОМИНУВААТ ЛУЃЕДеновиве од зградата „Технометал-Вардар“ се слушаат силни звуци, се крши и се фрла од голема висина голема количина дебело стакло и други делови од зградата, како греди и цевки. (Фото: СДК.МК)

    Со месеци на неограден градежен простор на улица Македонија, паѓаат плочи, стакла, цигли и железа од зградата „Технометал-Вардар“ во строгиот центар на Скопје, која се реновира за да стане хотел.

    Градежниот шут им паѓа на минувачите буквално на глава и чудо е што некој не настрадал посериозно, велат вработените во соседните згради, институции.

    Соговорниците за САКАМДАКАЖАМ.МК тврдат дека пријавиле за оваа повеќемесечна опасност по животите, но дека никој од Општина Центар, ниту од Град Скопје не реагира.

    Деновиве од зградата „Технометал-Вардар“ се слушаат силни звуци, се крши и се фрла од голема висина голема количина дебело стакло и други делови од зградата, како греди и цевки.

    Уште во октомври, од Општина Центар рекоа дека интервенирале, односно инспектори излегле на терен и ѝ изрекле опомена на фирмата „Буши фешн“, која ја купи зградата,  да го исчисти просторот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира