ОХРИД ЦЕЛ ДЕН БЕЗ ВОДА, НАСТРАДАА АПАРАТИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВО

    ОХРИД ЦЕЛ ДЕН БЕЗ ВОДА, НАСТРАДАА АПАРАТИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВОПред неколку дена, „Проаква - Работна единица Водовод” најави дека Охрид ќе остане од 5 часот, па се до 17 часот.(Фото: СДК:МК)

    Охридски водовод им ја сопре водата на некои охриѓани пред најавеното исклучување на градскиот водовод во 5 часот утринава. Mесто тоа, вода снема уште во 2 часот кога во многу домови беа вклучени машини за перење, бојлери и други уреди што користат вода. Поради тоа, на некои жители им страдаа апаратите за домаќинства.

    Пред неколку дена, „Проаква – Работна единица Водовод” најави дека Охрид ќе остане од 5 часот, па се до 17 часот.
    „Поведувајќи се од соопштението на Охридски водовод, машината за перење алишта ја вклучив синоќа околу полноќ. Сметав дека вода ќе снема околу 5 часот. Некаде пред 2 часот машината почна да чади. Среќа што бевме будни, па навреме ја исклучивме. Јас немам нова машина, која автоматски се исклучува кога ќе снема вода”, вели Стојна Василеска од улицата „Јане Сандански” во Охрид.

    Директорот на „Проаква“ Томе Паскалоски вели дека тоа се поединчени случаи, напоменувајќи дека водата се исклучува по региони и оти не може одеднаш да биде затворен главниот резервоар.
    „Еве и сега, дури седум часа по најавата за исклучување, одделни приградски делови на Охрид имаат вода. Не можеме сите одеднаш да ги исклучиме. Некаде тоа го направивме порано. За нас е битно да ги исчистиме резервоарите, да го дезинфицираме водоводот. Наши екипи работеа цела вечер.Поминавме бессона ноќ. Големите потрошувачи на вода, институции од витално значење, како што се болниците, со вода се снабдија уште вчера. Јас ќе ви кажам дека има луѓе кои на се реагираат без потреба”, вели Томе Паскалоски, директор на „Проаква“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира