Општина Арачиново во 2023 година наплатила над 6 милиони денари по основ на локални даноци, кажа градоначалникот Ридван Ибраими на настан во Скопје, организиран од УСАИД.
„Општина Арачиново од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст. Претставникот на УСАИД Бардил Марку во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново цело време зборуваше во суперлатив, и ја нарече Арачиново ‘успешна приказна’“, соопшти Општина Арачиново.
Општина Арачиново претходно воопшто не собираше данок на имот, немаше база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.
На денешната презентација, како што рече градоначалникот Ибраими, Арачиново не е веќе „црна овца“, туку денес добива пофалби и веќе се мери со многу по големи општини и финансиски појаки од нив.