ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ГИ ОРГАНИЗИРА РАЦИНОВИТЕ СРЕДБИ, ЗДРУЖЕНИЕТО „ПЛУС ПУБЛИКА“ СЕ ОТКАЖА

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ГИ ОРГАНИЗИРА РАЦИНОВИТЕ СРЕДБИ, ЗДРУЖЕНИЕТО „ПЛУС ПУБЛИКА“ СЕ ОТКАЖАОд Рациновите средби во 2019 (Фото:СДК.МК)

    Здружението на граѓани „Плус публика“, организатор на Рациновите средби се повлече од организацијата. Тие во писмена форма пред почетокот на последната 55. седница на Советот на Општина Велес доставиле изјава за повлекување. Бараат раскинување на договорот за делегирана надлежност за организација на манифестацијата, која беше за период од три години.

    Рациновите средби следната година во мај или јуни ќе ги организираат Општина Велес и Градската библиотека „Гоце Делчев“.

    „По добивањето на функцијата в.д директор на Велешкиот театар и блискоста во термините на организацијата на Театарскиот фестивал  5ре и Рациновите средби, одлучивме дека е најдобро да се повлечеме од организацијата на Рациновите средби“, кажа Жарко Спасовски, директорот на Велешки театар кој заедно со Ненад Витанов е член на здружението „Публика плус“.

    По реакцијата на дел од членовите на Советот, бидејќи се ставени пред свршен чин со оваа оставка, а терминот за конкурсите за годишната програма на Министерството за култура тогаш истекуваше, градоначлникот Марко Колев рече дека Рациновите средби догодина сами ќе ги организираат Општина Велес и Градската библиотека „Гоце Делчев“. Причина за тоа е што рокот за распишување на конкурс за делегирана надлежност е премногу краток, за да може и да се конкурира во Министерството за култура за средства за манифестација.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира