„ПАЛОМА БЈАНКА“ ОГРАДЕНА ПОРАДИ БАРОКОТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ПАЛОМА БЈАНКА“ ОГРАДЕНА ПОРАДИ БАРОКОТ

    Дел од стаклената фасада на деловната зграда „Палома бјанка“ во центарот на Скопје повеќе не се гледа. Викендов беше оградена со скеле и заштитна мрежа. Градските власти се уште не соопштија која фирма го направила основниот проект за фасадата која треба да биде барокна.

    На јавниот оглас од минатиот месец, од Градот известија дека се пријавила само една фирма за 7.000 евра да го изработи основниот проект за барокна фасада, но името не го соопштија.

    „Палома бјанка“ е дело на архитектот Трајко Димитров, кој се изјасни против идејата стаклото да се замени со стиропор во барок стил, но неговото мислење не ги поколеба градските власти. Тие, за новата фасада која се вклопува во амбиентот од проектот „Скопје 2014“, добија согласност од сегашните сопственици на објектот.

    Изградбата на деловната зграда завршила во 1993 година и авторот Димитров беше согласен да се направат интервенции на стаклената фасада, за таа да се подобри, но не и целосно да се менува надворешниот изглед на објектот.

    Покрај „Палома бјанка“ нови барокни фасади ќе добијат и сите останати згради околу плоштадот ВМРО.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира