ПРИЛЕПЧАНИ И КАВАДАРЧАНИ СКРШЕНИЦИТЕ ГИ ОПЕРИРААТ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИЛЕПЧАНИ И КАВАДАРЧАНИ СКРШЕНИЦИТЕ ГИ ОПЕРИРААТ ВО БИТОЛА

    Посериозните скршеници пациентите од Прилеп и Кавадарци ги лекуваат во битолската болница. Во Прилеп за време на зимскиот шпиц кога има најголем број на скршеници, се реновира одделот и салите во болницата, па пациентите за ортопески оперативни зафати се праќаат во Битола. Од први јануари до вчера во битолската болница биле оперирани 30 пациенти со скршеници од кои дел прилепчани. Само во текот на вчерашниот ден имало пет операции врз пацинети од Битола и Прилеп.

    „Во Прилеп ги реновираат салите и одделот и сега имаме прилив на пациенти од таму, па и индиректно и од Квадарци доаѓаат кај нас. Еве од оперираните шест се од Прилеп, она што може да се лекува амбулантски сами го решаваат, а за операција ги праќаат во Битола. Материјали имаме, деветмина лекари сме, старосната граница е лоша, но со поголем ангажман успеваме да одговориме на задачата“, вели ортопедот Благој Неделков.

    Од почетокот на месецот до вчера на Одделението за ортопедија во Битола биле регистрирани 300 пациенти, најчесто се набиеници, шинувања, исчашувања и скршеници , дел предизвикани од лизгавите улици. Тоа во просек доаѓа по 15 пациенти дневно.

    „Преку сто пациенти се со скршеници или една третина од вкупниот број. Најголемиот дел од скршениците ги мобилизираме и ги праќаме на домашно лекување, а една третина од нив ги примаме и ги оперираме. Имаме скоро 30 оперирани од први до вчера“, вели ортопедот.

    Ж.Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира