СЕ РАСПАЃА ЦРКВАТА ВО ГОПЕШ СТАРА 145 ГОДИНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ РАСПАЃА ЦРКВАТА ВО ГОПЕШ СТАРА 145 ГОДИНИ

    Накривување на јужниот ѕид, оштетувања на куполите, како и одвојување на фрескоживописот од полукружниот свод , се нарушувања на градбата се евидентирани кај бисерот на сакралната архитектура  од 19 век во Битолско, црквата „Свето Преображение“ во село Гопеш. Ова е најголемиот верски храм изграден во поширокиот битолски регион, а фрескоживописот е уникатно дело на мијачкиот зограф Јосиф Радев, ученик на познатиот Дичо Зограф. Оштетувањата се последица на староста  од 145 години, изложеноста на атмосферските влијанија и влагата.

    Црквата спаѓа во заштитени добра од највисока категорија. Ѕидана е од камен , со уникатност во обработка на материјалот и декорација со плитки релјефи на самите камени површини (Фото: СДК.МК)

    Црквата спаѓа во заштитени добра од највисока категорија. Ѕидана е од камен , со уникатност во обработка на материјалот и декорација со плитки релјефи на самите камени површини (Фото: СДК.МК)

    „Црквата има три куполи кои се на силен удар на временските непогоди. Храмот е изграден во 1871 година во висок планински предел на 1.100 метри надморска височина. На такви високи места обично не се ставаат куполи. Но тука ги има, па се појави потреба од реставрација на целиот куполен простор“, вели Ристо Палигора, советник конзерватор во битолскиот Завод и музеј.

    90 икони со кои црквата била украсена внатре и фреските биле сликани 26 години. Педесетте икони кои беа украдени од црквата пред четири години не се пронајдени (Фото: СДК.МК)

    90 икони со кои црквата била украсена внатре и фреските биле сликани 26 години. Педесетте икони кои беа украдени од црквата пред четири години не се пронајдени (Фото: СДК.МК)

    90 икони со кои црквата била украсена внатре и фреските биле сликани 26 години. Педесетте икони кои беа украдени од црквата пред четири години не се пронајдени.

    „Ние располагаме со прецизна докуменатација за иконите. Ако некогаш било каде се појави некоја од нив ќе можеме да ја идентификуваме и да го докажеме нејзиното потекло“, вели  Палигора.

    Лоша е состојбата и со јужниот масивен ѕид изработен од камен, кој со годините е отклонет во горниот дел за околу еден метар (Фото: СДК.МК)

    Лоша е состојбата и со јужниот масивен ѕид изработен од камен, кој со годините е отклонет во горниот дел за околу еден метар (Фото: СДК.МК)

    Лоша е состојбата и со јужниот масивен ѕид изработен од камен, кој со годините е отклонет во горниот дел за околу еден метар.

    „Ваквите конструктивни оштетувања доведуваат до деформации на јужниот ѕид и отстранување на меѓукатните конструкции од него. Трулат хоризонталните елементи за фиксирање и нарушена е стабилноста на објектот во јужниот дел. Тоа придонесува  до појава на пукнатини на јужната страна, а во помала мера и на другите делови од објектот“, велат надлежните.

    Покривот е променет, но има други нарушувања на конструкцијата (Фото: СДК.МК)

    Покривот е променет, но има други нарушувања на конструкцијата (Фото: СДК.МК)

    Инаку, ова е мајсторско дело во однос на архитектурата и  конструкцијата затоа и без поголеми зафати успеа да опстои до денес. Црквата спаѓа во заштитени добра од  највисока категорија. Ѕидана е од камен , со уникатност во обработка на материјалот и декорација со плитки релјефи на самите камени површини.

    Црквата има три куполи кои се на силен удар на временските непогоди. Храмот е изграден во 1871 година во висок планински предел на 1.100 метри надморска височина. На такви високи места обично не се ставаат куполи (Фото: СДК.МК)

    За да допрат до куполата и живописот, конзерваторите лани изградија дрвено скеле високо 20  метри. Годинава, според националната програма за култура предвидено е да се финанасира изработка на проект за конзервација и реставрација  на архитектурата и живописот. Последниве две години државата издвои околу  400.000 денари за санација на црквата. Директорот на битолскиот Завод и музеј, Зоран Алтипармаков вели дека ќе продолжат со заштита на црквата, но за целосна санација потребни се огромни средства.

    „Црквата има сериозни оштетувања  и беше загрозено ѕидното сликарство. Поради слегување на терен от  настана пукање на јужниот ѕид. Се правеа зафати со градежно конструктивни методи, се ставија затеги  и се подобри состојбата. Но, потребна е огромна инвестиција за целосна санација“, вели Алтипармаков.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира