„СТРУМИЦА ТАБАК“ НЕМА ПАРИ ЗА ОТКУП НА ТУТУН ОД 3.500 КООПЕРАНТИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „СТРУМИЦА ТАБАК“ НЕМА ПАРИ ЗА ОТКУП НА ТУТУН ОД 3.500 КООПЕРАНТИ

    „Струмица табак“ не ги обезбеди потребните финансиски средства за откуп на тутунот од годинашнава реколта. Откупните пунктови за околу 3.500 кооперанти од струмичко-радовишкиот регион, но и од прилепско на ова тутунска команија се затворени поради што производителите се во паника, што ќе биде со нивниот род и кому да го предадат.

    „Добивме кутии за транспорт на обработениот тутун, но се уште не ни кажуваат кога да го носиме. Се јавуваме, но одговор не добиваме дали и кога ќе го почнат откупот. За разлика од нив, сите останати фирми веќе цел месец откупуваат“, реагираа тутунарите од Градашорци кои имаат склучено договори со струмичката тобако компанија со доминантен грчки капитал.

    „Струмица табак“ оваа сезона нема да врши откуп оти немаат обезбедено бонитет, информираа од Министерството за земјоделство. Од таму велат дека нема простор за паника меѓу тутунарите бидејќи родот од сите производители ќе биде преземен.

    „Производителие треба да ги раскинат договорите со ‘Струмица табак’ и да склучат нови со фирми кои вршат откуп во нивните места. Има интерес од останатите седум компании да ги преземат договорените 2.300 тони тутун на ‘Струмица табак’“, истакнаа од министерството.

    Освен „Струмица табак“, пари за откуп нема обезбедено и „Центро табак“ од Виница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира