ТРГНА ГРАДСКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО ЗЕЛЕНИКОВО, ВЛАДАТА ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ГО КОРИСТАТ ШТО ПОВЕЌЕ

    ТРГНА ГРАДСКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО ЗЕЛЕНИКОВО, ВЛАДАТА ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ГО КОРИСТАТ ШТО ПОВЕЌЕВозниот ред предвидува да има по девет поаѓање од Зелениково и од Транспортен центар на ден (Фото: К. Попов)

    Со симболичното патување од Зелениково до Железничката станица Скопје, денеска стартуваше првата фаза од проектот „Градски воз“, со кој периферните населени места и општини се поврзуваат со централното подрачје на Скопје. На првото возење беа и премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и дел од скопските градоначалници.

    Возниот ред предвидува да има по девет поаѓање од Зелениково и од Транспортен центар, а патувањето ќе трае од 24 до 28 минути. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари.

    „Реализацијата на градскиот воз е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се реализираат проекти. Нешто што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, се враќа во превоз“, кажа Николоски.

    Тој повика што повеќе граѓани и млади да го користат возот секојдневно.

    „Се надевам дека ќе го користат многумина. Се надевам дека многу ќе им помогне на учениците, средношколците и на сите оние кои сакаат навреме да стигнат на своите работни места”, рече Николовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира