ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ШТИП МУ СЕ НАЛУТИ НА „ШТИПСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“ ОТИ ГО НЕМА ВО ПРОГРАМАТА

    ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ШТИП МУ СЕ НАЛУТИ НА „ШТИПСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“ ОТИ ГО НЕМА ВО ПРОГРАМАТАШтипско културно лето годинава ќе се одржи на отворени сцени и во простории на Општина Штип за да не плаќа закупнина. (Фото: Фејсбук)

    Годинешното 38. издание на Штипското културно лето ќе започне на 29 јуни и ќе трае трае цел јули, за кога се предвидени 17 настани. Вработените во Центарот за култура „Ацо Шопов“ реагираат дека првпат се случува Центарот да не биде вклучен во ниту еден настан Штипско културно лето.

    „Незамисливо е Центарот за култура, во чии рамки работат и Домот на културата ‘Ацо Шопов’ и Народниот театар, за време на годинашново Штипско културно лето да бидат изземени од програмата и во нивните простории ќе нема ниту еден настан“, реагира директорот на Горан Трајков.

    Од Општина Штип, која е покровител на Штипско културно лето, велат дека оваа година се одело на тоа настаните да бидат на отворено па така и стартот на 29 јуни ќе се состои со концерт на македонски евергрини во летната бавча на Домот на младите. Настаните што се предвидени да се одржат во затворен простор како што се разни претстави, изложби и слично, ќе се одржат во простории на Општина Штип за што нема да се плаќа никаква закупнина.

    Од Штипско културно лето најавуваат дека за целата манифестација се издвоени општински пари од 600.000 денари, а на некои од културните настани, како дел од изложбите, приходите ќе бидат за хуманитарни цели.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира