ВЛАДАТА ГО ПРЕДАДЕ ЗАПУШТЕНИОТ МОТЕЛ „СТОБИ“ НА ОПШТИНА ГРАДСКО

    ВЛАДАТА ГО ПРЕДАДЕ ЗАПУШТЕНИОТ МОТЕЛ „СТОБИ“ НА ОПШТИНА ГРАДСКОМотелот е во руинирана состојба и десетина години не е во функција (Фото: СДК.МК)

    Општина Градско го доби мотелот „Стоби“. Со одлука на Владата, државата го пренесува објектот во сопственост на оваа општина.

    Мотелот е во руинирана состојба и десетина години не се користи. Сопствениците неколку пати се менувале, а до пред некое време, согласно имотен лист, како сопственик беше запишана Република Македонија. Од Општина Градско велат дека за овој објект има заинтересирани инвеститори, кои сакаат да го купат.

    „Потенцијалните купувачи би изградиле нов комплекс, со мотел, аква парк, терминал, паркинг и објект за продажба на локални производи“, информираат од Општина Градско.

    Мотелот „Стоби“ е со вкупна површина од 744 квадратни метри и се наоѓа во близина на автопатот Скопје-Гевгелија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира