ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ПРАВИЛНИК ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ЗА КАПЕЊЕ, СЕ ОЦЕНУВА ПО КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

    ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ПРАВИЛНИК ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ЗА КАПЕЊЕ, СЕ ОЦЕНУВА ПО КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ„Кога го испитуваме квалитетот на водите во базените, се повикуваме на правилникот за водата за пиење“, вели д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Велес. (Фото: СДК.МК)

    Во Македонија сѐ уште нема законска регулатива, со која ќе се проверува квалитетот на водите каде граѓаните се капат. Надлежните работат според правилникот за квалитетот на водата за пиење. За ваквата состојба предпуредуваат стручните лица, кои вршат контрола на водите за капење.

    „Сѐ уште немаме законска регулатива за квалитет на водата за капење. Во земјите од соседството го има, кај нас не. Можеме да го земеме за пример тој од Хрватска, кој е многу добар. Нашата законска регулатива го нема тој правилник. Кога го испитуваме квалитетот на водите во базените, се повикуваме на правилникот за водата за пиење. Кога ќе кажеме дека е добра, таа вода значи може да се пие“, вели д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Велес.

    Тие меѓу другото ја следат состојбата и со квалитетот на водата во Дојранското Езеро.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира