ЖИТЕЛИТЕ НА ЧИФЛИК НЕМА ДА ГИ БОЈКОТИРААТ ИЗБОРИТЕ ЗАШТО ПРВПАТ НИВНИ СОСЕЛАНЕЦ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

    ЖИТЕЛИТЕ НА ЧИФЛИК НЕМА ДА ГИ БОЈКОТИРААТ ИЗБОРИТЕ ЗАШТО ПРВПАТ НИВНИ СОСЕЛАНЕЦ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВОЖителите во јули блокираа дел од патот Штип-Кочани зашто со години не им се решени пробпемите со канализацијата и водоснабдувањето (Фото: СДК.МК)

    Жителите на селото Чифлик, кое е дел од Општина Чешиново-Облешево, на 18 јули протестираа со блокирање на дел од регионалниот пат Штип-Кочани поради долгогодишните пробпеми со канализацијата и водоснабдувањето. Тогаш мештаните најавија бојкот на изборите затоа што сите досегашни власти ги оставиле Чифлик и соседните села без канализација и непходното водоснабдување.

    Тие сега се премислиле околу бојкотот на изборите затоа што имаат свој соселанец за кандидат за градоначалник. Селото брои 700 постојани жители, а гласачкото тело заедно со останатите 13 села изнесува над 5.000 луѓе.

    „Нам не ни е важно од кого е предложен кандидатот, дали од партија или е независен. Најбитно е што првпат имаме кандидат за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево од нашето село, кој вети дека најважен приоритет ќе му бидат основните проблеми со канализацијата и водоснабдувањето, што со години ги имаат Чифлик и соседните села“, вели Бојана Арсова, која беше предводник на протестот во јули.

    Новиот кандидат за градоначалник кој ќе се спротивстави на двете водечки партии е 35-годишниот Дарко Стефанов од Чифлик, фармацевт кој има своја ординација во Чешиново. Тој сакал да излезе на изборите како независен кандидат, но во последен момент ја прифатил понудата да биде кандидат на ЛДП.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира