АРХИТЕКТИТЕ МИНАС БАКАЛЧЕВ И МИТКО ХАЏИ ПУЉА ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2025

    АРХИТЕКТИТЕ МИНАС БАКАЛЧЕВ И МИТКО ХАЏИ ПУЉА ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2025Датумот за свеченото доделување на наградата на Хаџи Пуља и Бакалчев ќе биде дополнително соопштен. (Фото: Порта 3)

    Професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља се добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2025, соопшти Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

    Одлуката ја донесе комисијата на чело со Стеван Смилевски-Кокан и членовите проф.д-р Влатко Коробар, проф.д-р Зорица Блажевска, проф. д-р Мишко Ралев и Александар Наумовски. Смилевски-Кокан е лански лауерат на оваа награда од Асоцијацијата.

    Датумот за свеченото доделување на наградата ќе биде дополнително соопштен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира