АРС СТУДИО СО НАЈНОВИ ИЗДАНИЈА ОД СВЕТСКИТЕ АВТОРИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА

    АРС СТУДИО СО НАЈНОВИ ИЗДАНИЈА ОД СВЕТСКИТЕ АВТОРИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА

    Саемот на книгата почна денеска, а присутен со уште една нова приказна е штандот на „Арс студио“ во хала 1, кадешто ќе може да ги најдете најновите изданија на светски познатите и признати книжевни дела, како и најпознатите наслови од областа на психологијата, историјата и филозофијата, преведени на македонски јазик.

    Тимот на „Арс студио“ креираше агенда со секојдневна програма со која се погрижи сите љубители на книгата и верни читатели да уживаат во промоции и панел-дискусии од различни области.
    Денеска од 14 часот, во Промотивниот центар во хала 2, ќе се одржи првата промоција на насловот „Здрави и вити“ од Харви и Мерилин Дајмонд, кои успеаја да направат револуција во начинот на размислување на луѓето во однос на исхраната. Заедно со промоторот, признатиот нутриционист, Тања Турунџиева, која ги постави основите на здравиот начин на живот во Македонија, присутните ќе се запознаат со оваа програма за поздрав и попродуктивен живот, како и со најновите рецепти за здрав начин на исхрана.

    Утре во 15 часот, во Промотивниот центар во хала 2, за првпат пред нашата читателска публика ќе биде промовиран насловот „Приказни за ѓаволот“ од академик Митко Маџунков, раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист – добитник на повеќе книжевни награди и признанија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира