ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТОРОНТО ГИ ЧЕКА РЕЖИСЕРСКОТО ДЕБИ НА ХАЛИ БЕРИ И ДРАМАТА СО МАРК ВОЛБЕРГ

    ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТОРОНТО ГИ ЧЕКА РЕЖИСЕРСКОТО ДЕБИ НА ХАЛИ БЕРИ И ДРАМАТА СО МАРК ВОЛБЕРГОскаровката Бери ја игра и главната улога на Џеки Џастис во филмот кој го режираше, „Со модрици“. (Фото: ИМДБ )

    Филмскиот фестивал во Торонто ја објави годинашната официјална програма, иако сѐ уште не е познато дали ќе има проекции во кино. Фестивалот треба да се одржи од 10 до 20 септември.

    Пандемијата на коронавирусот влијаеше на одржувањето на Канскиот филмски фестивал кој не се одржа во мај, а засега е познато дека Венецискиот од 2 до 12 септември ќе се одржи в кино.

    Еден од најочекуваните филмови за фестивалот во Торонто е драмата со Марк Волберг „Добриот Џо Бил“, во режија на Реиналдо Маркус Грин, базиран на вистинска приказна за татко, чиј син се самоубил откако бил малтретиран од врсници.

    Торонто ќе биде домаќин на две режисерски дебија на холивудски актерки оскаровки, „Со модрици“ на  Хали Бери, која игра жена што тренира мешани боречки вештини и „Една ноќ во Мајами“ на Реџина Кинг.

    Светски премиери ќе имаат и „Бетонски каубој“ со Идрис Елба, како и филмот на Спајк Ли за Дејвид Брн, „Американска утопија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира