И „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА СТОЛЕВСКИ ВЛЕЗЕ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ОСКАРИ

    И „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА СТОЛЕВСКИ ВЛЕЗЕ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ОСКАРИФилмот на Столевски минатата недела го отвори фестивалот “Браќа манаки“ во Биотла, а кинопремиерата во Скопје е на 12 октомври. (Фото: „Браќа Манаки“)

    „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот автор Горан Столевски, влезе во селекцијата за Европските филмски награди, соопшти Европската филмска академија (ЕФА), која денеска ја објави втората листа со уште 21 филм во изборот. На 16 август беше објавена првата листа со 19 играни филмови, меѓу кои е и „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митевска, со што сега има 2 македонски филмови во конечната листа од 40 дела од 31 европска држава.

    Од денес до 7 ноември членовите на ЕФА ќе гласаат за избраните филмови, по ќе бидат објавени по пет номинации во категориите најдобар европски филм, режисер, актер, актерка, сценарист и европски документарен филм. Свеченото доделување на наградите, позната и како европски Оскар, ќе биде на 9 декември во Берлин.

    „Домаќинство за почетници“, годинашен македонски кандидат за Оскар за странски филм, е првиот македонски, а трет филм на Столевски, по наградуваните „Нема да си сама“ и „Доволно возрасни“. Имаше светска премиера на годинешниот фестивал во Венеција во селекцијата Хоризонти, и ја освои една од паралелните награди Квир лав.

    Минатата недела го отвори фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, а во кино ќе почне да игра од 12 октомври во Скопје.

    Во продукција на „Лист продукција“, филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, а преку компанијата „Фокус фичерс“ ќе биде дистрибуриран на територијата на САД. Меѓународен дистрибутер на филмот за останатите територии е студиото „Универзал пикчерс“, а продажните агенти „Њу Јуроп филм сејлс“ ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира