Режисерското деби на Меги Џиленхол, „Изгубената ќерка“, триумфираше на 37. издание на филмските награди Независен дух (Independent Spirit Awards), чија церемонија се одржа во шатор покрај плажата во Санта Моника, Калифорнија. Џиленхол се закити со три награди, за најдобар филм, режија и сценарио, за својата адаптација на истоимениот роман на Елена Феранте.
„Сакам независни филмови, пораснав правејќи независни филмови. Му благодарам на ‘Нетфликс‘ за огромната поддршка, вие бевте први кои ми кажаа дека сум режисерка“, изјави Џиленхол.
Таа е номинирана и за оскар за најдобро адаптирано сценарио, покрај актерките Оливија Колман и Џеси Бакли.
За најдобри актери се прогласени Сајмон Рекс за „Црвена ракета“ и Тејлур Пејџ за „Зола“. „Вози го мојот автомобил“ (Јапонија), кој има четири номинации за оскар, ја освои наградата за најдобар странски филм, откако претходно триумфираше и на Златните глобуси.