Канскиот филмски фестивал оваа година ќе ја одбележи 20-годишнината од премиерата на драмата „Расположени за љубов“ на хонгконшкиот режисер Ванг Кар-ваи.
Филмот е реставриран во 4К резолуција и во ова ново издание ќе се прикажува во кината во Франција и пошироко.
„Расположени за љубов“ беше прикажан во официјалната селекција во Кан во 2000 година и ја однесе наградата за најдобар актер (Тони Леунг). Тој ќе има проекција и на годинашното, 73. издание на фестивалот, на што ќе присуствува и 63-годишниот Ванг Кар-ваи.
Канскиот фестивал ќе се одржи од 12 до 23 мај.