МЕТЈУ ПЕРИ, ЅВЕЗДАТА ОД „ПРИЈАТЕЛИ“ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ЏАКУЗИ ДОМА

    МЕТЈУ ПЕРИ, ЅВЕЗДАТА ОД „ПРИЈАТЕЛИ“ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ЏАКУЗИ ДОМА

    Метју Пери, ѕвездата на серијата „Пријатели“ бил пронајден мртов во саботата попладне во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес, соопштиле извори од полицијата. Имаше 54 години.

    Изворите, кои сакале да останат анонимни бидејќи истрагата е во тек, не навеле причина за смртта. Но, како што објавија повеќето калифорнски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Некои цитираа извори од брзата помош дека  можеби имал срцев удар и се удавил.

    Детективите на полицијата во Лос Анџелес ја истражуваат смртта.

    Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен прес-секретар на канадскиот премиер Пјер Трудо. Роден е 1969 година.

    По разводот на неговите родители животот му се одвивал на релација Монтреал – Лос Анџелес. Не беше женет  и немаше деца.

    Имал долга историја на зависност од алкохол и дрога и често пати одел на рехабилитација. За неговата долгогодишна битка со зависностите има напишано мемоари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира