НА 31 ГОДИНА ЗАГИНА ПЕЈАЧОТ ЛИЈАМ ПЕЈН, БИВШИОТ ЧЛЕН НА ПОП-ГРУПАТА „УАН ДАЈРЕКШН“, ПАДНАЛ ОД ТРЕТИ КАТ ВО ХОТЕЛ

    НА 31 ГОДИНА ЗАГИНА ПЕЈАЧОТ ЛИЈАМ ПЕЈН, БИВШИОТ ЧЛЕН НА ПОП-ГРУПАТА „УАН ДАЈРЕКШН“, ПАДНАЛ ОД ТРЕТИ КАТ ВО ХОТЕЛПејн се стекна со светска слава како дел од популарниот бојбенд формиран во шоуто „Икс фактор“ во 2010 (Фото: АП)

    Лијам Пејн, некогашниот член на британската поп-група „Уан дајрекшн“, почина на 31 година во Аргентина откако паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Полицијата кажа дека го пронашла телото на Пејн откако итните служби реагирале на повик во луксузната населба Палермо.

    Пејн се стекна со светска слава како дел од популарниот бојбенд формиран во шоуто „Икс фактор“ во 2010, што го сочинуваа и Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Нијал Хоран и Зајн Малик.

    Според полицијата на Буенос Аирес, полицајците во прв момент реагирале на пријава за „агресивен маж кој можеби бил под дејство на алкохол или дрога“. Кога пристигнале во хотелот, им било кажано дека се слушнал гласен звук во внатрешниот двор на хотелот, каде што потоа го пронашле телото.

    Пејн претрпел сериозни повреди, ќе биде спроведена обдукција“, изјави директорот на итните медицински служби Алберто Крешенти, кој не сакаше да коментира за околностите на падот.

    Пејн првпат се пријавил во шоуто „Икс фактор“ во 2008, кога Сајмон Кауел му рекол да дојде повторно за неколку години. Две години подоцна ги импресионирал судиите, по што беше обединет со уште четворица соло учесници и така настана групата „Уан дајрекшн“, која набргу стана светска сензација. Групата издаде четири албуми кои завршија на првото место на британската топ-листа, пред да се распадне во 2015.

    Членовите потоа почнаа соло кариери со различен успех, при што Пејн го објави дебитантскиот сингл во 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира