НАД 50 ИЗДАВАЧИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА ОД 4 ДО 10 МАЈ

    НАД 50 ИЗДАВАЧИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА ОД 4 ДО 10 МАЈГодинава мотото е  „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. - Од изминатите изданија. (Фото: СДК.МК)

    Триесет и петтото издание на Меѓународниот Саем на книгата ќе се одржи од 4 до 10 мај во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Скопски саем.

    Годинава мотото е  „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“, а се најавуваат над 50 учесници меѓу кои и најуспешните македонски издавачки куќи.

    „Најголемата манифестација посветена на книгата на национално ниво, која во мај ќе претстави голем број наслови од сите континенти во светот, се занимава со промоција на книжевното творештво и љубовта кон пишаниот збор, како и културна размена и иницирање актуелни литературни и општествени прашања. Неформално познат како ‘Фестивал на пишаниот збор’, секоја година Саемот на книгата е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни странски автории издавачи, кои ги претставуваат своите најактуелни изданија“, најавува организаторот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира