Македонскиот кандидат „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска не влезе во потесната конкуренција за номинација за Оскар за најдобар странски филм.
Академијата за филмска уметност и наука во Лос Анџелес, која ги доделува најпрестижните филмски награди, ги скрати листите за номинација во десет категории, при што ги избра и 15-те филмови кои продолжуваат да конкурираат за Оскар за најдобар странски филм.
Меѓу нив се истакнуваат „Бардо“ на славниот мексикански филмаџија Алехандро Гонсалес Ињариту и германскиот фаворит „На запад ништо ново“. Во потесната конкуренција влегоа и претставниците на Данска, Франција, Австрија, Полска, Камбоџа, Јужна Кореја, Белгија и Аргентина.
„Радосна земја“ (Joyland) е првиот пакистански филм која дошол олку блиску до номинација за Оскар, а „Последната филмска претстава“ (Last Film Show) е првиот индиски филм по повеќе од 20 години кој влегол во потесната конкуренција.
„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на годинашниот фестивал во Венеција и потоа се прикажа и во Торонто.