„НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ“ Е НАСЛОВОТ НА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД

    „НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ“ Е НАСЛОВОТ НА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНДДаниел Крег по петти и последен пат е во улогата на тајниот агент 007 (Фото: Ројтерс)

    „Не е време за умирање“ (No Time To Die) ќе биде насловот на 25. филм за Џејмс Бонд, што моментално се снима, официјално објавија продуцентите на Твитер.

    Тоа ќе биде петти и последен филм во кој Даниел Крег ќе го игра тајниот агент 007, додека оскаровецот Рами Малек ќе биде „мистериозен злосторник“. Реиф Фајнс и Бен Вишо се враќаат во улогите на Ем и Кју, а Наоми Харис повторно е секретарката Манипени. Леа Сејду ќе ја репризира улогата на Медлин Свон, која првпат се појави во „Спектра“ од 2015 година.

    Откако Дени Бојл се повлече, филмот го режира Кери Џоџи Фукунага, кој се прослави со сериите „Вистински детектив“ и „Манијак“.

    „Не е време за умирање“ ќе има светска премиера на 3 април 2020 во Велика Британија.

    Во новиот филм, Бонд е повлечен од службата и води мирен живот на Јамајка, кога стар пријател од ЦИА ќе побара помош од него во спасувањето на киднапиран научник. Тоа ги води кон мистериозен злосторник опремен со опасна нова технологија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира