НОВИОТ, ПОЛУАВТОБИОГРАФСКИ ФИЛМ НА СПИЛБЕРГ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА ВО ТОРОНТО

    НОВИОТ, ПОЛУАВТОБИОГРАФСКИ ФИЛМ НА СПИЛБЕРГ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА ВО ТОРОНТОСпилберг кажа дека „Фабелманови“ делумно е заснован на неговите рани години (Фото: АП)

    Стивен Спилберг ќе го донесе својот нов, длабоко личен филм „Фабелманови“ (The Fabelmans) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, потврдија организаторите. Тоа ќе биде светска премиера на филмот, за кој Спилберг кажа дека делумно е заснован на неговите рани години и истовремено ќе биде негово прво доаѓање на овој фестивал.

    Спилберг го напиша сценариото заедно со Тони Кашнер, со кого соработуваше и на „Минхен“, „Линколн“ и „Приказна од западната страна“. Во актерската екипа се Мишел Вилијамс, Пол Дејноу, Сет Роген и Џуд Хирш.

    Фабелманови“ ќе излезе во кината на 11 ноември и се очекува да биде важен играч во следната сезона на награди.

    Фестивалот во Торонто ќе се одржи од 8 до 18 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира