ПОЧИНА АТИНА АПОСТОЛОВА, ПЕЈАЧКАТА НА „ПЕЈТЕ МЕРАКЛИИ“

    ПОЧИНА АТИНА АПОСТОЛОВА, ПЕЈАЧКАТА НА „ПЕЈТЕ МЕРАКЛИИ“Атина Апостолова лани ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Тумба Фест” во Куманово. (Фото: Фејсбук)

    Денеска во Скопје почина пејачката на народна музика Атина Апостолова. Имаше 78 години. Веста за смртта на Апостолова ја објави фолк-пејачката Вики Среброва, која ѝ беше блиска пријателка.

    Апостолова е родена на 20 мај во 1946 во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет.  Нејзина најпозната песна е „Пејте мераклии“, покрај другите „Цела вечер ќе ти пеам“, „Верувај ми“, „Иле, Илија“.

    Со пеење се занимавала уште од најраната младост. Откривајќи го нејзиниот музички талент, татко ѝ ја запишал во музичко училиште кога имала пет години. Таму учела да свири клавир до четврто одделение. Нејзиниот прв настап бил во тинејџерските години во емисијата „Микрофонот е ваш” каде што го освоила првото место со песната „Не си го продавај, Кољо, чифликот”.

    Снимила четири касети од кои три биле снимени во Белград, а една во Македонската радио телевизија. Соработувала со авторите Ванчо Тарабунов, Милан Зафков, Никола Митровиќ, Орце Зафировски, Радмила Митровиќ и Огнен Неделковски.
    Има снимено дуети со Ванчо Тарабунов и со Ефто Пупиновски.  Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Во 2023 на фестивалот „Тумба Фест” во Куманово ја доби наградата за животно дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира