ПОЧИНА ГИТАРИСТОТ И ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „КИС“ ЕЈС ФРЕЈЛИ

    ПОЧИНА ГИТАРИСТОТ И ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „КИС“ ЕЈС ФРЕЈЛИФрејли беше член на групата од 1973 до 1982 и повторно од 1996 до 2002 (Фото: Гети)

    Гитаристот Ејс Фрејли, еден од основачите на американската рок група „Кис“, почина на 74 години од последиците на пад во своето студио, објави неговото семејство. Фрејли паднал пред неколку недели, но вчера бил хоспитализиран откако му се влошила состојбата и починал од крвавење во мозокот.

    Роден како Пол Даниел Фрејли, тој беше познат на сцената како Спејсмен од времето кога „Кис“ го основал заедно со Пол Стенли, Џин Симонс и Питер Крис во 1973. Тие денеска се простија од својот поранешен колега, иако кариерите им се разидоа одамна.

    Фрејли беше суштински и незаменлив рок-војник за време на фундаменталните поглавја од историјата на бендот. Тој секогаш ќе биде дел од наследството на ‘Кис‘“, кажаа Симонс и Стенли во заедничко соопштение.

    Фрејли беше член на групата од 1973 до 1982 и повторно од 1996 до 2002 и често свиреше гитара која испушташе чад. Во овие два периода сними десет албуми со групата. Фрејли лани го објави својот осми соло албум.

    Кис“ е еден од најуспешните рок бендови на сите времиња, со продадени 100 милиони албуми. Фрејли беше примен во Рокенрол куќата на славните како еден од основачите на „Кис“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира