ПОЧИНА КОРЕОГРАФОТ И ИГРАОРЕЦ СИМЕОН ЧУЛЕВ, „ТАНЕЦ“ ГО ОТКАЖА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ

    ПОЧИНА КОРЕОГРАФОТ И ИГРАОРЕЦ СИМЕОН ЧУЛЕВ, „ТАНЕЦ“ ГО ОТКАЖА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ„Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл“, велат од „Танец“.

    По ненадејната смрт на кореографот и играорец Симеон Чулев, Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ го откажа годишниот концерт кој беше претходно најавен за на 20 декември.

    Чулев беше погребан вчера на гробиштата „Камник“ во населбата Ченто.

    „Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на ‘Танец’, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност. Во овие моменти на голема жалост, сите членови на ‘Танец’, сметаме дека во вакви мигови на тага, не е можно да се слави традицијата на сцена, кога ја изгубивме една од нејзините најсветли фигури“, соопштија од „Танец“.

    Традционалниот Новогодишен концерт требаше да се одржи во Националната опера и балет (НОБ). Од „Танец“ велат дека сите кои веќе купиле влезници за концертот ќе можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите. За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира