ПОЧИНА МУЗИКОЛОГОТ КОСТАДИН КОСТАДИНОВСКИ, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО“

    ПОЧИНА МУЗИКОЛОГОТ КОСТАДИН КОСТАДИНОВСКИ, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО“Костадин Костадиновски беше еден од основоположниците на „Фолк-фест Валандово“ , „Интерфест – Битола“, „Тетовски филиграни“ и „Еврофест“ (Фото: Фејсбук)

    Вчера во Скопје почина Костадин Костадиновски, еден од основачите на „Фолк-фест Валандово“ , „Интерфест – Битола“, „Тетовски филиграни“, „Еврофест“ и „Денови на уметноста на децата сираци од балканските држави“. Имаше 86 години.

    Костадиновски беше познат музички новинар, музиколог, музички критичар, публицист и композитор.

    Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Белград на отсекот по музикологија. Долги години работеше како музички уредник и новинар во Македонското радио – Радио 2.

    Напишал околу 5.000 критики за уметници од целиот свет како и повеќе музички публикации меѓу кои познатата музичка монографија „Трајко Прокопиев – животно дело“ и делото „Од блузот до музичката авангарда“ кое се користи како литература на катедрата по естрада на музичката академија во Софија.

    Автор е на „Одгласи од концертните сали“, публикација која содржи 160 музички критики, есеи, осврти, критики и рецензии за  познавањата на музичките жанрови од фолклорот до џез и класичната музика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира