ПОЧИНА ПИТЕР ГРИН, ГИТАРИСТ И ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „ФЛИТВУД МЕК“

    ПОЧИНА ПИТЕР ГРИН, ГИТАРИСТ И ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „ФЛИТВУД МЕК“Грин ја напушти групата во 1970 година поради ментални проблеми (Фото: Гети)

    Питер Грин, гитарист и еден од основачите на британската рок група „Флитвуд мек“, почина на 73 години. Неговото семејство објави дека Грин починал мирно во сон.

    Грин ја основал „Флитвуд мек“ во 1967 година заедно со тапанарот Мик Флитвуд. Тој беше гитарист и пејач на првите четири албуми на групата, но ја напушти по последниот настап во 1970 година поради ментални проблеми. На Грин му била дијагностицирана шизофренија и дел од 1970-ите поминал на психијатриско лекување.

    Тој ја продолжи музичката кариера во 1979 година, по што сними неколку соло албуми. Заедно со останатите членови на „Флитвуд мек“, Грин во 1998 беше примен во Рокенрол халата на славните. Магазинот „Ролинг стоун“ го вклучи на својата листа на 100-те најдобри гитаристи на сите времиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира