Џери Ли Луис, еден од пионерите на рокенролот чиј живот беше исполнет со скандали, почина на 87 години. Последниот член на генерацијата легендарни изведувачи, меѓу кои беа и Елвис Присли, Литл Ричардс и Чак Бери, почина од природни причини во својот дом во Мисисипи, само два дена откако се прошири лажна вест за неговата смрт.
Енергичните изведби на Луис помогнаа рокенролот да стане доминантна американска поп музика во 1950-ите. Откако го напуштил школото, првиот настап го имал на 14-годишна возраст, а некои од своите најрани песни ги снимил во 1956 заедно со Присли, Џони Кеш и Карл Перкинс.
Следната година го објавил синглот „Whole Lotta Shakin’ Goin’ On“, а неговиот уникатен стил на свирење го привлекол вниманието на целата земја. Својот статус на рокенрол суперѕвезда го зацементирал со следната песна, „Great Balls of Fire“, која ја дефинираше оваа музичка ера.
На врвот на славата се оженил со својата 13-годишна внука Мајра Браун, што беше трет од неговите седум бракови. Тој скандал толку негативно влијаеше врз неговата кариера што никогаш повеќе немал топ-20 хит во САД.
Од Браун се развел по 13 години, а следните две сопруги на Луис починале во сомнителни околности. И две од неговите шест деца починале трагично на млади години.
Делумна рехабилитација доживеа во 1986, кога се најде меѓу првите десетмина музичари кои беа примени во Рокенрол халата на славните.
Луис сними вкупно 40 албуми во кариерата, последниот во 2014.