ПРОМОВИРАНИ НАЈНОВИТЕ КНИГИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ НА САЕМОТ НА КНИГАТА

    ПРОМОВИРАНИ НАЈНОВИТЕ КНИГИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ НА САЕМОТ НА КНИГАТА

    На Саемот на книгата во Скопје вчера беа промовирани новите книги од областа на психологијата, меѓу кои и Прирачник за стрес, здравје и справување со стрес од Сузан Фолкман. „Арс Студио“ одржа панел-дискусија на тема „Стрес и справување со стресот во современиот живот“ во Промотивниот центар во хала 2, на која гостинот Мирослав Пендароски ги запозна присутните со новите технологии, новите мултидисциплинарни пристапи, научната љубопитност и барањата на јавноста, кои во последните 30 години придонесоа за подем на истражувачките потфати фокусирани на стресот, справувањето со стрес и здравјето. Освен Прирачник за стрес, здравје и справување со стрес од Сузан Фолкман, беа промовирани уште два наслова, Природата на предрасудите од Гордон Олпорт и Човековата потрага по смисла од Виктор Франкл.

    Претходно,„Арс Студио“ ја промовираше најновата книга на американскиот претседател Доналд Трамп – Повторно величествена, која е една од најчитаните книги што се продава во милионски тиражи. Посетителите можеа да се информираат за дел од плановите и идеите на Трамп, како и конкретните идеи за нивна реализација. „Арс Студио“ ги има ексклузивните права за македонското издание на книгата Повторно величествена, која можете да ја купите единствено на нивниот штанд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира