РАЗЛИЧНОСТА Е ПРЕДНОСТ, ЖИВОТОТ СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ РАСКАЖАН ВО КНИГА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАЗЛИЧНОСТА Е ПРЕДНОСТ, ЖИВОТОТ СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ РАСКАЖАН ВО КНИГА

    Различноста носи предност, е пораката која ја пренесоа дел од родителите на деца со пречки во развојот, на денешната промоција на книгата “Живот вреден за живеење“, на авторките Мимоза Петревска Георгиева и Емилија Георгиевска Наневска.

    Книгата содржи исповеди на петнаесет семејства, кои имаат деца со пречки во развојот, кои живеат во Македонија. И самите авторки се мајки на деца со попреченост, со тоа што во книгата се раскажани нивните лични судбини, а преку разговор со родителите и роднините на останатите деца раскажани се и нивните приказни. Станува збор за петнаесет приказни на семејства кои имаат деца со различни попречености – Даунов синдром, церебрална парализа, аутизам, ретки болести…

    Фотографот на книгата Драго Неделчевски исто така има дете со пречки во развојот, кој рече дека благодарение на оваа книга запознал многу добри луѓе и многу убави деца кои инаку немало да ги знае.

    Британскиот амбасадор Чарлс Гарет кој и самиот има ќерка со Даунов синдром е еден од најгласните промотори на идејата дека различноста не е недостаток, туку предност. (Фото: СДК.МК)

    Британскиот амбасадор Чарлс Гарет кој и самиот има ќерка со Даунов синдром е еден од најгласните промотори на идејата дека различноста не е недостаток, туку предност. (Фото: СДК.МК)

    “Мојата ќерка Илина, која има 13 години има Даунов Синдром. Да не постоеше таа немаше да се нафатам на една ваква работа, како што е оваа книга. Со нетрпение го чекав денешниот ден, за да ја промовираме книгата. Неколку дена претходно, Јуле, која исто така ја има во книгата, е девојка со Даунов синдром и работи во Датапонс, ми се јави и вели: ’Мимоза дојди да си ја земеш книгата, многу е убава’“, рече Мимоза Петревска Георгиева, една од авторките на книгата.

    Гоце Смилевски, кој беше промотор на “Живот вреден за живеење“, рече дека всушност овие лични исповеди не потсетуваат на длабоката интимна поврзаност меѓу луѓето, која сме ја заборавиле, а дека овие луѓе постојано го имаат чувството за другиот и другоста.

    “Книгата зборува за соочувањето со својата немоќ во првиот момент, а потоа и за силата и храброста на овие родители да продолжат понатаму. Стравот е присутен и кај нив во секојдневието, но тука е и храброста да се продолжи. Емилија Прокопиева за својата ќерка Ирина вели дека токму таа ја научила различноста да ја гледа на ниво на еднаквост“, рече Смилевски.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира