РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ХАЏИДИМИТРИЕВ ГО ПРЕВЕЛ ШЕКСПИР ВО 1908 ВО ЗАТВОР ВО ТРИПОЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ХАЏИДИМИТРИЕВ ГО ПРЕВЕЛ ШЕКСПИР ВО 1908 ВО ЗАТВОР ВО ТРИПОЛИ

    Препев на „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир, направен во 1908 од револуционерот Тодор Лазаров Хаџидимитриев во затвор во Триполи, беше промовиран денеска во НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Ова ретко издание го откри драматургот Дарко Јан Спасов, кој истражувајќи за работата на претставата „Венецијански трговец“ на режисерката Наташа Поплавска во Драмски театар, наишол на значаен материјал во НУБ на кој вработените во изминативе години не му обрнале внимание.

    „Во 1965 година книгата во НУБ ја донел некој роднина на Лазаров, бидејќи колку што ми е познато немал директен потомок. Тој ја нашол книгата во стара куќа во Штип. Некој вработен го завел уредно како антиквититен материјал од прва категорија, и потоа никој не му обрнал внимание“, вели Спасов, кој на промоцијата добиваше комплименти од големи познавачи на тетарската литература како од Љубиша Георгиевски, Богомил Ѓузел, од Михаил Ренџов кои беа фасцинирани и кои исто така прв пат слушнаа за овој ракопис.

    „Во 1965 година книгата во НУБ ја донел некој роднина на Лазаров, бидејќи колку што ми е познато немал директен потомок. Тој ја нашол книгата во стара куќа во Штип . Некој вработен го завел уредно како антиквититен материјал од прва категорија, и потоа никој не му обрнал внимание“, вели драматургот Дарко Јан Спасов, кој го откри истражувајќи за претставата „Венецијански трговец“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Во 1965 година книгата во НУБ ја донел некој роднина на Лазаров, бидејќи колку што ми е познато немал директен потомок. Тој ја нашол книгата во стара куќа во Штип. Некој вработен го завел уредно како антиквититен материјал од прва категорија, и потоа никој не му обрнал внимание“, вели драматургот Дарко Јан Спасов, кој го откри истражувајќи за претставата „Венецијански трговец“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Препевот на штипјанецот Тодор Хаџидимитриев, изработен во ракопис, со курзивно писмо, според сигнатурата е направен во периодот 17-27 април 1908, во периодот додека одлежувал затворска казна покрај пристаништето Триполи (арапски Тарабулис) на источното медитеранското крајбрежје, во тогашниот Сириски ејалат, денес Либан.

    „Тоа е веројатно првата македонска калиграфија. Неговиот курзив,т.е италик со денешни зборови, е навезен со уметничка форма. При анализите забележав дека станува збор за автохтон превод, никој никогаш пред него во Македонија го немал преведувано Шекспир. Користи лексика од штипско- кочанскиот крај, но е забележително влијанието на бугарскиот јазик. Ракописот не е редактиран, има колоквијален јазик. Тоа е можеби говор кој денес би можеле да го сретнеме кај повозрасните лица во подрачјата по течението на реката Брегалница“, додава Спасов.

    Мотивацијата на Хаџидимитриев да го преведува Шекспир, вели Спасов, е мошне интересна и претставува поттик за дополнителни истражувања. Тој зборувал фарси, отомано–турски и француски јазик. Бил голем трговец, патувал, тргувал со Мала Азија и со Централна Европа. Веројатно сретнал театарска трупа од Ерменија, која го фасцинирала, па како трговец се препознал во Антонио. Во тоа време ретко кој зборувал англиски, па веројатно преводот е од турски или од француски.

    „Заклучив дека не само што е оригинален превод, туку Хаџидимитриев влегува во пренесувањето на Шекспир со драматуршки пртистап толку прецизен, луциден, што самиот прави, популарно речено штрих. Живеел и го глумел она што го пренесува. Неговите реченици се далеку подејствително пренесени од претходниците, тој поинаку го прочитал од неговите претходници кои направиле превод на бугарски јазик Божил Рајнов и Крстјо Мирски, кои пак преведувале од руски јазик“, смета драматургот.

    На првите читачки проби Спасов, кој е вработен во Театар Комедија се водел од препевите на Георги Сталев од 1971 и од Драги Михајловски од 2013 но, како што вели, нешто го копкало дека мора да постои уште некоја друга форма во архивите на НУБ. Тргнал да пребарува според системот КОБИС, практична алатка која ја воведоа Словенците за каталогизација, т.е електронско воведување и запишување, и дошол до податок дека во НУБ има превод на „Венецијански трговец“ од штипјанецот Тодор Лазаров Хаџидимитриев.

    Директорот на НУБ, Иван К. Заров рече дека Тодор Лазаров Хаџидимитриев не е често име кое се сретнува во учебниците по историја ниту во македонската културна историја, макар што, вели тој, се работи за еден од највидните и маркантни македонски револуционери и дејци на ВМРО од предилинденскиот, илинденскиот и постилинденскиот период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира