Триото на Давид Хелбокс го отвора вечерва 36. издание на Скопскиот џез фестивал (СЏФ), во Македонската опера и балет (МОБ) во 20 часот. Во триото на австрискиот пијанист Хелбокс се и Рафаел Пројшл на бас укулеле и тапанарот Рајнол Шомулцер.
Вториот концерт вечерва во МОБ е на Трондхајм џез оркестар, еден од најважните и најкреативни џез состави во Европа, заедно со Оле Мортен Ваган, еден од најбараните норвешки басисти и композитори.
СЏФ трае до 22 октомври.