СКОРСЕЗЕ СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕЦ СО ПАПАТА ФРАЊО, ГО СОДРЖИ ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ СО НЕГО

    СКОРСЕЗЕ СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕЦ СО ПАПАТА ФРАЊО, ГО СОДРЖИ ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ СО НЕГОСкорсезе неколкупати се сретнал со папата Фрањо (Фото: Икс)

    Мартин Скорсезе сними документарен филм со покојниот папа Фрањо, кој вклучува разговори помеѓу нив и последното интервју со папата пред камера.

    Алдеас – нова приказна“ раскажува за непрофитната меѓународна организација „Сколас окурентес“, основана од Фрањо во 2013 за да ја промовира „културата на средба“ помеѓу младите. Филмот е снимен на локации во Индонезија, Гамбија и Италија.

    Документарецот ќе биде сведоштво за трајното верување дека креативноста не е само средство за изразување, туку и пат до надежта и трансформацијата“, објави продукциската куќа на Скорсезе, „Сикелија“.

    Засега не е објавено кога ќе излезе филмот.

    Сега, повеќе од кога било, треба да разговараме едни со други, да се слушаме меѓусебно меѓукултурно. Еден од најдобрите начини да се постигне ова е преку споделување лични животни приказни и искуства. На папата Фрањо му беше важно луѓето ширум светот да разменуваат идеи со почит, а истовремено да го зачуваат својот културен идентитет и киното е најдобриот медиум за тоа“, рече Скорсезе, кој неколкупати се сретнал со Фрањо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира