„ТАНЕЦ“ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА КОРЕОГРАФИЈА „МИЈАЧКА“ НА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА 21 ДЕКЕМВРИ

    „ТАНЕЦ“ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА КОРЕОГРАФИЈА „МИЈАЧКА“ НА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА 21 ДЕКЕМВРИОд Новогодишните концерти на „Танец“ во изминатите години. (Фото: „Танец“)

    Традиционалниот новогодишен концерт на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе се одржи на 21 декември во Македонскиот народен театар (МНТ).

    Картите се пуштени во продажба преку онлајн сервисот и билетарницата на МНТ и чинат 500 денари.

    На Новогодишниот концерт ќе  бидат исполнети познатите сценски постановки и кореографски творби како орото „Копачка“, „Шопска петорка“, потоа „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, како и композиции од богатиот вокално-инструментален репертоар.

    Од „Танец“ најавуваат дека премиерно ќе биде претставена и кореографската постановка „Мијачка“ на авторите Марјан Андоновски (кореографија) и Дарко Илиевски (музичка обработка). Ова ново кореографско дело се темели врз личните теренски истражувања на кореографот низ пределот Мала Река.

    Поради ковид пандемијата, годинава ансамблот задоцнето ја почна концертната сезона симболично наречена „Враќање“ во чест на годишнината на Конески, организирајќи концерти на отворено и затворено низ повеќе градови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира