Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023 и соопшти дека од 14 до 30 септември ќе се одржат интегрално две изданија – 20-то, кое не се одржа во 2020 поради ковид пандемијата, и 21-то.
Биеналето ќе се одржи во Националната Галерија-Мала Станица и во Музејот на современа уметност во Скопје, а ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 и од 2021 до 2023.
Право на учество во БИМАС 2023 имаат архитекти, македонски државјани и правни лица‐компании, кои учествуваат со дела на архитекти македонски државјани. Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Македонија. Рок за пријавување на трудовите е до 7 јуни, a пријавен лист и упатство за подготовка на пријавата може да се добие на електронска пошта: [email protected] или на www.facebook.com/arhitekti.mk.