АЛКАЛОИД СО ИНВЕСТИЦИИ ОД 11,6 МИЛИОНИ ЕВРА И 157 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО 2016 ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АЛКАЛОИД СО ИНВЕСТИЦИИ ОД 11,6 МИЛИОНИ ЕВРА И 157 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО 2016 ГОДИНА

    „Алкалоид“ оствари раст на консолидираните продажби од 6%, раст на консолидираната нето добивка од 10%, инвестиции во износ од 712,28 милиони денари, т.е. 11,6 милиони евра и 157 нови вработувања во периодот јануари-декември 2016 година, соопшти компанијата.

    Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари-декември, продажбите достигнуваат 6.418.580.770 денари, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.208.748.918 денари, бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето добивка изнесува 704.269.882 денари и е зголемена за 9%.

    Во периодот јануари-декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 8.292.770.038 денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 3%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 8%. Од вкупните консолидирани продажби, 40% се остварени на домашен пазар, додека 60% се остварени на странски пазари.

    Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 17% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: САД раст од 30%, Русија раст од 15%, Романија раст од 63%, Словенија раст од 13%, Полска раст од 141%, В.Британија раст од 125%, Унгарија раст од 135%, Турција раст од 72%, Чешка раст од 122%, Албанија раст од 47% итн.

    Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 83%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 19%, Кардиолошките препарати со 17%, Невролошките препарати со 13%, Антибиотиците заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 17% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 10% и Билкарство учествува со 4%.

    Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.296.423.420 денари бележи раст од 12%, додека нето консолидираната добивка во износ од 731.818.674 денари е зголемена за 10%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира