АЛКАЛОИД СО РАСТ НА ПРОДАЖБАТА ОД 5% И 115 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АЛКАЛОИД СО РАСТ НА ПРОДАЖБАТА ОД 5% И 115 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ

    „Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – септември 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

    Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – септември, продажбите достигнуваат 4.788.360.375 денари, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 893.600.707 денари, бележи зголемување од околу 10%, додека нето добивката е зголемена за 11%.

    Во периодот јануари – септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 6.160.156.025 денари, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 2%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 7%. Од вкупните консолидирани продажби, 39% се остварени на домашен пазар, додека 61% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 18% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: САД раст од 74%, Русија раст од 12%, Романија раст од 56%, Словенија раст од 17%, Полска раст од 486%, В.Британија раст од 198%, Унгарија раст од 236% итн.

    Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 82%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 18%, Кардиолошките препарати исто така со 18%, Невролошките препарати со 14%, Антибиотиците заземаат 12% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 18% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 11% и Билкарство учествува со 4%.

    Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 920.084.756 денари бележи раст од 9%, додека нето консолидираната добивка во износ од 509.357.152 денари е зголемена за 10%.

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2016 година изнесуваат 546.878.626 денари.

    Во периодот јануари – септември 2016 година во Алкалоид се реализирани 115 нови вработувања во Република Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира