АМБАСАДАТА НА САД УТРЕ ОРГАНИЗИРА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АМБАСАДАТА НА САД УТРЕ ОРГАНИЗИРА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

    Амбасадата на САД утре ќе организира крводарителна акција и акција за собирање на прехрамбени продукти во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

    Заинтересираните дарители на крв, ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД утре од 9:00 – 16:00 часот.

    На овој начин ќе биде одбележен Националниот ден на служба и сеќавање. Во соопштението од Амбасадата стои дека на овој начин донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите на крв и да обезбеди храна и други потребни залихи за загрозените семејства за претстојната зима. Потребата од вакви донации особено се зголеми откако резервите на Црвениот крст се намалија по помошта што ја укажаа на жртвите на неодамнешните поплави во Скопје и Тетово.

    Националниот ден на служба и сеќавање започна во 2002 година како начин на гледање напред, преку добротворни акции, да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон, подржан од двете партии, со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира