АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД ЌЕ ЧИНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 187 МИЛИОНИ ЕВРА НАМЕСТО 282 МИЛИОНИ, КАЖА АНЃУШЕВ

    АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД ЌЕ ЧИНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 187 МИЛИОНИ ЕВРА НАМЕСТО 282 МИЛИОНИ, КАЖА АНЃУШЕВНајголем проблем со автопатот според Анѓушев бил лошо проектираниот тунел кај Пресека. - Кочо Анѓушев на прес-конференција на Владата (Фото: МИА)

    Изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе чини дополнителни 187 милиони евра. Владата на вчерашната седница го усвои новиот трет анекс на договорот со изведувачот на градежните работи кинеската компанија „Синхидро“ по едногодишни преговори. Од Владата најавија дека ќе се интензивираат градежните работи за доградба на 57 километри од автопатот.

    „Доколку одевме по претходно утврдените цени требаше да доплатиме 282 милиони евра, а сега ќе чини 187 милиони евра, или направени се заштеди од 95 милиони евра“, рече вицепремиерот за економски  прашања Кочо Анѓушев на прес-конференција за Владата.

    Анѓушев кажа дека поради лошите проекти кои биле претходно направени, кога пред година и пол дојде новата Влада биле пред дилема дали да ја прекинат градбата и да нема автопат, а веќе потрошените пари да доспеат за исплаќање или да продолжат со градбата на веќе склучениот договор но со измена на проектот.

    Тој рече дека во проектот имало многу недостатоци, односно не била завршена експропријација на земјиштето, не биле дислоцирани електричните и водоводни инсталации, не биле предвидени клучки, ниту поврзување на населените места со автопатот. Најголем проблем според него бил лошо проектираниот тунел кај Пресека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира