Компанијата БЕГ воведе Калкулатор за потрошувачка на топлинска енергија како новина на својот интернет сајт со којшто може да се направи споредба на трошоците при различни типови на греење. Алатката треба да им овозможи на потрошувачите да направат индикативна пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење, со што секој може лично да провери кои се предностите на одреден тип на греење.
„Со новините за нашите потрошувачи, освен што овозможуваме брз пристап до информациите и сервисите поврзани со нашата компанија, истовремено нудиме и едукација за придобивките и поволностите од користењето на топлинската енергија“, велат од „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“.
Истовремено, преку интернет странцата, компанијата на потрошувачите им овозможува директно да пријават дефекти, течења или рекламации за квалитетот на греењето, да извршат увид и плаќање на сметките (фактурите) преку услугата „БегИПеј“, да добијат информации и совети за поголема енергетска ефикасност, заштита и одржување и сервис на грејната инсталација.
Последното истажување на мислењето на потрошувачите покажа дека 64% од потрошувачите приклучени на централниот систем за топлинска енергија на БЕГ имаат голема доверба во компанијата Истото истражување, спроведено по повод годинешното одбележување на Меѓународниот ден на правата на потрошувачите, покажува дека високи 80% од анкетираните сметаат дека квалитетот на услугите на „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ е одличен или многу добар, а приближно ист е и процентот на задоволство од односот на вработените во компанијата. Сепак, околу една петина од анкетираните потрошувачи се изјасниле дека сè уште доволно не ги познаваат своите права и обврски во поглед на услугите што ги нуди „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“.