БУГАРСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО ЌЕ БИДЕ РАЗГЛЕДАНО

    БУГАРСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО ЌЕ БИДЕ РАЗГЛЕДАНООд богослужбата за Велигден во манастирот „Свети Јован Бигорски“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија денеска ја призна Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

    Во соопштението се вели дека светиот синод го поздравува подигнувањето на расколот и влегувањето во заедница со „Православната црква на Северна Македонија“. Прашањето за името на црквата ќе биде дополнително разгледано, додаваат од Бугарската патријаршија.

    Признавањето е на барање на српскиот патријарх Порфириј и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

    На ова му претходеше подигнувањето на расколот од страна на Вселенската патријаршија од Истанбул и признавањето на самасостојноста од страна на Српската православна црква.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира