Д-Р СТЕВАНОВИЌ ИМАШЕ ИСТЕЧЕН СЕРТИФИКАТ, ЗА ДИРЕКТОР НА ИНФЕКТИВНА ГО ОДБРАВМЕ КАНДИДАТОТ Д-Р ЦАНА СО КОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ

    Д-Р СТЕВАНОВИЌ ИМАШЕ ИСТЕЧЕН СЕРТИФИКАТ, ЗА ДИРЕКТОР НА ИНФЕКТИВНА ГО ОДБРАВМЕ КАНДИДАТОТ Д-Р ЦАНА СО КОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИМинистерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот настан на Клиниката за урологија. (Фото: К. Попов)

    Досегашната директорка на Клиниката за инфективни болести д-р Милена Стевановиќ, не е разрешена ниту ѝ беше истечен мандатот, туку на конкурсот беше пријавена со истечен сертификат, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на настан на Клиниката за урологија. Д-р Стевановиќ седум години беше директорка на Инфективната клиника, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со ковид-19,

    Министерството за здравство вчера соопшти дека Клиниката за инфективни болести доби нов директор, д-р Фадил Цана, на местото на д-р Стевановиќ, а им се продолжија мандатите на директорите на Клиниката за гинекологија и акушерство и на Клиниката за психијатрија, д-р Викторија Јовановска и д-р Стојан Бајрактаров. Оттаму кажаа дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период, спроведени се конкурси во 3 јавноздравствени установи за избор на 4 директорски места.

    „Јас и порано кажав дека нема да има вечни директори. Конкретно за директорката на Инфективна клиника, не е разрешена, не ѝ беше истечен мандатот, мислам дека ѝ е до април. Имаше истечен сертификат. На конкурсот имаше двајца кандидати и заедно со службите во Министерството ние го одбравме тој што беше со комлетна документација“, одговори денеска Меџити на новинарско прашање за смената на директорите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира