ДЕМОНСТРАНТИТЕ НЕ ПРИФАЌААТ ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА БЕЗ НИВ

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ НЕ ПРИФАЌААТ ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА БЕЗ НИВ

    Демонстрантите пред Собранието што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни не ја прифаќаат идејата на Европската унија за обновени преговори меѓу лидерите на политичките партии јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие велат дека Зоран Заев не смее да оди на преговорите во Виена и ако реши да оди да не смета на нивната поддршка. Бараат, ако веќе има нови преговори и тие да бидат вклучени во нив.

    Граѓаните и вечерва бараат оставка на Иванов и експертска влада што ќе организира веродостојни избори. Се извикува „Нема правда нема мир“. Многумина носат транспаренти на кои пишува „Но пасаран!“

    Полициски сили го чуваат седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и зградата на Министерството за правда и Канцеларијата на претседателот. Речиси цел центар на главниот град е блокиран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира