ДЕН ДОНЧЕВ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА КАКО ГРАЃАНИН ДА КАЖЕ ЗА СНИМКАТА СО ПАРИ, РЕКОЛ НАЈДЕТЕ СИ ГО СНИМАТЕЛОТ И СИ ЗАМИНАЛ

    ДЕН ДОНЧЕВ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА КАКО ГРАЃАНИН ДА КАЖЕ ЗА СНИМКАТА СО ПАРИ, РЕКОЛ НАЈДЕТЕ СИ ГО СНИМАТЕЛОТ И СИ ЗАМИНАЛДончев не бил уапсен, туку повикан од полицијата, без налог на обвинител, што е право на МВР во вакви случаи кога некој во својство на граѓанин треба да даде појаснувања (Фото:СДК.МК)

    Поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев денеска за во 16 часот имал покана во полициската станица Карпош, во својство на граѓанин, за да даде информации за неодамна објавената видеоснимка на која се гледа дека фаќа со рацете пари.

    Дончев иако не бил повикан како осомничен, дошол во одреденото време во станицата со адвокат. Се задржал само 15-тина минути, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори блиски до Дончев.

    Од полициски извори дознаваме дека Ден Дончев на прашањата на надлежен инспектор одбил да каже кој го снимил, дали и зошто во рацете држи пари.

    „Најдете си го самите тој што снимал. Ама и нека ја објави целата снимка и самите ќе заклучите за што се работи. Ова парче е извадено од контекст, а ова што ме повикувате во полициска станица, е политичка хајка против мене пред избори“, рекол Дончев и си заминал.

    Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска демантираше дека повикувањето на Дончев во полиција е по налог на обвинителството. Сепак, таму е отворена предистражна постапка и се вршат проверки по кривична пријава против Ден Дончев како директор на Фондот, која ја поднесе физичко лице.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира