ДИМИТРИЕВ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ БЕЗ РЕСОР ФУРКАН ЧАКО ПОРАДИ ПАРТИСКИ СУДИР КАЈ ТУРЦИТЕ

    ДИМИТРИЕВ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ БЕЗ РЕСОР ФУРКАН ЧАКО ПОРАДИ ПАРТИСКИ СУДИР КАЈ ТУРЦИТЕ

    Премиерот Емил Димитриев попладнево до Собранието поднесе предлог за разрешување на министерот без ресор Фуркан Чако, и за именување на Бејџан Иљас на негово место. И Чако и Иљас се од Демократската партија на Турците во Македонија, коалиционен партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    Според биографијата што Димитриев ја доставил до Собранието, 40-годишниот Иљас е лекар во Клиничката болница во Тетово.

    Неофицијално, извори од Демократската партија на Турците велат дека Чако се разрешува поради несогласувањата со пратеникот и доскорешен партиски лидер Кенан Хасипи. Хасипи се повлече од лидерското место во партијата и следат избори на нов избор. Наводно, Чако кој е опонент на Хасипи, сакал да се кандидира за партиски лидер и сега го разрешуваат од министер за да му ги намалат шансите да ја предводи партијата. Истите извори велат дека предложениот министер Иљас не е многу експониран во партијата.

    Во партијата не коментираат дали судирот има врска со барањата на официјалната власт на Турција да се идентификуваат во Македонија приврзениците на свештеникот Фетулах Ѓулен, кој е обвинет за неуспешниот пуч во Турција во јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира