ДИВОГРАДБИТЕ ИЗГРАДЕНИ ДО МАРТ, 2011 МОЖЕ ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДО КРАЈОТ НА 2018

    ДИВОГРАДБИТЕ ИЗГРАДЕНИ ДО МАРТ, 2011 МОЖЕ ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДО КРАЈОТ НА 2018Рокот за легализација на дивоградбите се однесува на објектите изградени до март, 2011; - министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните ќе можат да достават барање за легализација на дивоградбите до крајот на 2018 година. Оние пак кои веќе поднеле вакво барање, а не доставиле елаборат тоа ќе можат да го сторат до јули 2018. Право за легализација имаа сопствениците на објекти кои се изградени до 3 март, 2011. Објектите кои се изградни од тогаш, а немаат добиено одобрение за градба, ќе имаат статус на дивоградби.

    Владата на денешната седница донесе одлука за измена и дополување Законот за легализација на бесправно изградени објекти, со кои се продолжувам рокот за легализација на дивоградбите.

    „Од теренската анализа и контактите со граѓаните заклучивме дека голем е бројот на оние кои сè уште го немаат остварено ова право. Досега легализирани се околу 40 отсто од бројот на дивоградби. Затоа, решивме да им излеземе во пресрет на граѓаните и да им дадеме дополнител рок. Се надевам дека политичките партии во Собранието, ќе ги поддржат овие измени“, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

    Според постојниот Закон, рокот за поднесување барање и елаборат за легализација беше до крајот На оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира